Вести

Австралија: Премиерот Турнбул објави победа на предвремените парламентарни избори

Сподели:

Според досега пребројаните 80 отсто од гласовите, коалицијата меѓу Либералната и Народната партија има освојено 73 пратенички места од вкупно 150 места во федералниот парламент

thumbs_b_c_7dc744e91d788ed1036d2230ad3b2539

МЕЛБУРН (АА) – Австралискиот премиер Малколм Турнбул ја објави веста за извојуваната победа на водечкото коалициско партнерство меѓу Либералната парија и Народната партија, на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 2-ри јули, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на најголемата опозициска Работничка партија, Бил Шортен, го призна поразот на изборите, додека пак Турнбул ја објави веста за победата во Сиднеј.

„Ова е навистина прекрасен ден. Остваривме успешни избори”, рече Турнбул во својата изјава, во која покрај другото наведува и дека Шортен лично телефонски му се јавил за да му ја честита победата.

За време на прес-конференцијата, Шортен изјави дека според досега пребројаните гласови, по сè изгледa дека Турнбул ќе ја има можноста за креирање на Влада со или без апсолутно мнозинство.

„Се надевам дека коалицијата ќе допридонесе за создавање на добро за целата држава”, додаде Шортен.

Главниот опозициски лидер, Шортен, истакна дека не е во ред долгото одолговлекување на крајните резултати од изборите. Притоа наведе дека ќе му испрати писмо на Турнбул со предлог за електронско водење на изборите во иднина, „ние сме земја со развиена демократија, не смее да се чекаат осум дена за да се дознае кој е победникот”, истакна тој.

Направени се силни напори за што поскоро објавување на резултатите од изборите, и како што вели Изборната комисија на Австралија, пребројувањето на гласовите ќе трае и во текот на викендот. Според соопштението, официјалните резултати ќе бидат објавени во текот на претстојната недела, и сите гласови кои ќе бидат пристигнати по 15-ти јули нема да бидат земени во предвид.

Според досега пребројаните 80 отсто од гласовите, коалицијата меѓу Либералната и Народната партија има освојено 73 пратенички места од вкупно 150 места во федералниот парламент, но се претпоставува дека до крајот ќе оствари апсолутно мнозинство со 76 освоени пратенички места.

Сподели: