САД: Полицијата во Далас доби нови закани

Сподели

Во текот на пребарувањето на теренот беа запрени сите линии од градското метро

thumbs_b_c_b0a13b1098660495e56696ac239a7545

ДАЛАС (АА) – СВАТ (SWAT – Special Weapons and Tactics) тимовитe за вооружени напади, од редовите на полициските екипи, кои по вооружените напади во Далас се со зголемено ниво на безбедност, по пристигната дојава изведоа детално пребарување на паркингот пред полициска станица во Далас, јавува Anadolu Agency (AA).

Нивото на висока безбедност кое владее во градот по нападот, кој го организираше Мика Х. Џонсон, резервист на американската армија, кој служел во Авганистан, се зголемува сè повеќе поради опасноста од заканите насочени кон безбедносните сили.

Полицијата во Далас, која по нападите го удвои бројот на лица кои се на смена, ги зголеми мерките на претпазливост во околината на возилата за сочувство, кои пристигаат пред полициската станицата. Во текот на целиот ден беше поставена патролна екипа околу пристигнатите возила, додека пак снајперисти вршеа набљудување од покривите на околните згради.

Во текот на пребарувањето на теренот беа запрени сите линии од градското метро.

Големата полициската акција започна во приквечерието по пристигнување на дојавата за сомнителни лица, со пребарување на трикатната паркинг-гаража на полициската станица. Во потрагата беа вклучени снајперисти и хелихоптер за набљудување, СВАТ тимови, полициски кучиња и оклопни возила.

За време на истрагата беа затворени сите патишта кон полициската станца, а беше стопиран и сообраќајот во околината. Полицијата побара од медиумите да не вршат директен пренос од настаните во текот на истрагата.

Полицијата во Далас соопшти дека истрагата била извршена врз основа на дојава за сомнително лице, но во потрагата не било пронајдено ништо што укажува на опасност.