Бабиш-Заев: Не е прифатливо одложување на датумот за Северна Македонија (ВИДЕО)

Сподели

 

На заедничката прес конференција со чешкиот премиер, Андреј Бабиш, одржана во владата на Северна Македонија, македонскиот премиер, Зоран Заев истакна дека нашата земја не бара веднаш да стане членка на Европската унија, туку бараме да продолжи мотивацијата од ЕУ, преку овозможување на почеток на пристапните преговори.

„Кога ќе биде подготвена Унијата, кога ќе бидеме подготвени ние, тогаш и ќе станеме членка на Унијата“, изјави премиерот Заев.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш истакна дека Македонија е најдобриот кандидат за членство во НАТО и ЕУ и сите услови се исполнети за отпочнување преговори.

„Граѓаните на Северна Македонија треба да се среќни што имаат ваков премиер. Важно е кога политичарите го исполнуваат тоа што го ветуваат. Доколку не се исполни тоа, ќе биде многу лошо. Сметам дека сите европски политичари треба тоа да го сфатат. Северна Македонија покажа дека е најдобриот кандидат, сите услови ги исполни и можеме да почнеме со официјалните преговори“, истакна премиерот Бабиш.