Џулиан Шабани е именуван за заменик-директор на МРТ

foto MRT
Сподели:

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија ја известува јавноста дека успешно ја заврши постапката за избор на Заменик на директорот на Македонската радио-телевизија, спроведена согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти.

За нов Заменик на директорот на МРТ е избран Џуљиан Шабани. Избраниот кандидат, како што соопшти Програмскиот совет, има високо образование од областа на администрација и менаџмент.

Со ова, според програмскиот совет, е заокружен процесот на избор на раководството на Македонската радио-телевизија, спроведен врз основа на однапред утврдени критериуми, почитување на законските процедури и принципите на еднаков третман на сите кандидати.

Сподели: