Бачев повикан во полициска станица за заканите на социјалните мрежи

Сподели

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев е на разговор во полициска станица поради закана која ја упатил преку социјалните мрежи.

На фејсбук страната на „Единствена Македонија” наведуваат дека нивниот претседател Бачев е приведен од страна на полицијата додека се движел кон партискиот штаб каде требало да оддржи состанок.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека Бачев навремено и официјално бил информиран дека требал да се пријави во полиција. Детали за случајот се очекува да се дадат по испрашувањето. Бачев беше на чело за насилните протести против Законот за јазиците, како и на протести против Договорот со Грција. Бачев исто така е познат по употребата на говор на омраза, особено против Албанците.