Нов силен земјотрес утрово го погоди Крит

Сподели

 

По неколкуте силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Хераклион во Грција утрово во 7:48 часот, ги разбуди нов силен земјотрес со јачина од над 5.3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 23 километри југозападно од градот Хераклион.

Стотици луѓе во регионот ја поминаа ноќта во шатори и паркови или спиеја во автомобили по вчерашниот земјотрес што го погоди Крит.

Во вчерашниот земјотрес јужно од градот Ираклио, животот го загуби едно лице, 12 беа повредени, а десетици куќи и други згради беа оштетени.