Денеска, на 9 септември, во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РС Македонија се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година.
Поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба во случајот со “Државна лотарија” и беше недостапен за органите на прогонот.
Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје.


