Колку што е важно да се докажува патриотизмот и љубовта кон државата преку концерти и разни настани платени со народни пари, кои очигледно никој не знае точно колку чинат, исто толку е и важна лојалноста на пратениците и на другите функционери кон нашата држава, реагираат од ЛДП.
ЛДП повторно бара од пратениците час поскоро да ги донесат измените со кои ќе се ограничи правото за поседување на две државјанства на пратениците, но и на министрите, директорите, јавните обвинители, судиите и другите функционери.
Сѐ останато е купување на време и замајување на јавноста, што отвара сериозни сомнежи за тоа дали извршителите на државните функции вистински ги штитат интересите на Македонија, или пак на некоја друга држава, додаваат од партијата.


