![]()
Генералниот секретар во заминување на ОН, Бан Ки-мун на новогодишната ноќ ќе спроведе една од последните церемонијални должности пред истекот на неговиот 10-годишен мандат.
Во Њујорк традиционално се дочекува новата година со спуштање на кристална топка во јарбол на Тајмс сквер, што трае 60 секунди.
Се очекува стотини илјади лица да го проследат спуштањето на топката во сабота на полноќ на една од најважните крстосници во Менхетен.


