Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Барањето за одлагање на казната на Груевски пристигна до Кривичниот суд

Сподели:

„Барањето за одлагање на казната за Никола Груевски пристигна до Кривичниот суд и дадено е веднаш на судија за извршување на санкции, кој во законски рок од три дена треба да се произнесе“, информираше Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд во Скопје.

Доколку е одбиена жалбата, Груевски има право да се жали до Кривичен совет, кој одлучува во втор степен.

Двете причини на кои се повикува Груевски се обврските што ги има како пратеник пред се поради актуелните процеси во Собранието поврзани со уставни измени. Втората причина е поврзана со докторатот кој го одбрани летоска врз основа на докторската теза да напише книга.

Судијата за извршување на санкции има рок од три дена да одговори дали ќе го прифати предлогот и ќе го одложи издржувањето на казната на Груевски, а ако е незадоволен тој има право на жалба пред кривичен совет составен од тројца судии.

Експремиерот Груевски бара одлагање и од Врховниот суд. Неговите адвокати ова го преложиле уште минатата недела во барањата за вонредно преиспитување на пресудата за Тенк, но од Врховен велат дека до нив се уште не е пристигнато.

Во однос на упатниот акт за Груевски, Џолев на брифингот посочи дека одбраната на 29.10 поднела посебно барање за одлагање на казната на Груевски.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 8 ноември треба да се јави на издржување на двегодишната казна затвор за случајот Тенк, односно набавката на луксузниот мерцедес.

МИА

Сподели: