Барометар за корупција за месец јули 2023 година

Сподели

 

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна и годишните анкети за корупција во рамки на проектот што го нарекуваат „Бистро-Матно“.

 

 

Како што посочуваат, проектот имал голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со нејзе. Порачуваат дека на овој начин сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина.

 

„Матни“ настани за месец јули 2023 година

Продолжува црната листа на САД

1.Најбогатиот македонец обвинет за висока корупција, поткуп на владини функционер и дестабилизација на државата „Г-дин Јордан „Орце“ Камчев ја злупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Северна Македонија“ изјави потсекретарот на Министерството за финансии на САД Брајан Е. Нелсон и додаде: „Остануваме посветени на повикување на одговорност на сторителите на корупција“.

Активно топло лето на ДКСК

2.Антикорупциска го одмота клопчето на Сеад Кочан, Трансмет и Пуцко Петрол, државата оштетена за милионски суми, вмешани обвинители, судии, нотари, извршители и проценители – ДКСК откри низа злоупотреби со кои е оштетен буџетот на РСМ и донесе одлука до ОЈО ГОКК да достави иницијатива за сомнежи за намерно оштетување на доверители – РСМ и други, по пат на фалсификување документација, измама и перење други приноси од казниво дело, со цел обезвреднување на имот кој бил во сопственост на РСМ и преземање на неговата сопственост од страна на друго правно лице. ДКСК бара кривичен прогон на Даштевски и други лица од ДИК за набавката на „Фингерпринт-Уредите“ ДКСК одлучи да поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење за сите одговорни во Државната изборна комисија (ДИК) до ОЈО ГОКК, а во врска со набавката на опремата за гласања со идентификација на отпечаток на прст. Антикорупционерите сметаат дека при набавката е сторена штета врз Буџетот на РСМ преку пропуштање дејствија, ненавремено постапување, непостапување и злоупотреба на службената положба во корист на трети лица. Арсовска заработи кривична пријава Антикорупциска вели дека градоначалничката именувала директори спротивно на закон Според ДКСК, Арсовска свесно постапила спротивно на член 353 од Кривичниот законик со незаконското поставување на в.д директори на МКЦ и на Зоолошка градина бидејќи таа постапувала спротивно на законските одредби. Матичните книги пробиени – трговија со личните податоци на граѓанитеДКСК отвори сериозни сомнежи за трговија со милиони лични податоци на македонските граѓани и најави кривични пријави против двајцата поранешни директори на Управата.

Acta non verba – actions speak louder than words

3.„Труст“ ги замрзна односите на ЈО и ДКСК: Антикорупционерите се обидуваат да влијаат врз постапките на Обвинителството Јавното обвинителство ја прими иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“иако ја оценува како целосно беспредметна и непотребна и смета дека е крајно нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува, откако на вчерашната седница ДКСК алармираше за нанесена милионска штета врз буџетот преку злоупотреби со имотот на Трансмет на осудениот бизнисмен Сеад Кочан.

Правосудство и останати разочарувања

4.Шефот на Вишото јавно обвинителство поднел кривични пријави за двајца обвинители по тврдењата на сопственикот на „ДоказМ“ дека му давале информации од ОЈО – Шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи рече дека иницирал дисциплински постапки и поднел информација во форма на кривична пријава против двајца обвинители, по тврдењата изнесени во порталот „ДоказМ“ дека двајца обвинители соработувале со сопственикот во пишување. Поднесена кривична пријава против Претседателот на Управниот Суд – Кривичната пријава против првиот човек на овој суд, како што објавува ТВ Алсат, ја поднеле вработени поради сомнежи за злоупотреба на службената должност. Како една од причините за пријавата против Бурим Сејдини се сомневања за манипулирање со АКМИС системот за електронско распределување на предмети.

Драмата во Судскиот Совет продолжува

5. Правда:Судскиот совет со месеци не ја санкционира претседателката на кумановскиот суд за злопупотреби на АКМИС Министерството за правда ве информираше дека и покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб страницата на Советот.

„Бистри“ настани за месец јули 2023

1.Апсења на бизнисмени и инспектори во УЈП кои давале фиктивни потврди за пребивање данок, меѓу уапсените и Исмет Гури од ДУИ, веќе осуден во „Титаник 3“ Големи фирми се оштетени со шемата на злосторничкото здружение во Управата за јавни приходи, на чие чело со години бил Исмет Гури, кој пред да биде неправосилно осуден за фалсификување изборни резултати во Чаир во корист на ДУИ, директоруваше со сектор во УЈП.

2.Судот пресуди: Агенцијата за филм не смее да ги стопира проектите на „Банана филм“ на Манчевски Управниот суд го прифати барањето на „Банана филм“ да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм. Имено, Агенцијата ги стопираше исплатите за веќе одамна завршениот филм „Кајмак“ во продукција на „Банана филм“ и во режија на Милчо Манчевски, а го стопираше и потпишувањето на пред-договорот за филмот “Биста“ („Збогум, Копакабано!“) кој доби поддршка на минатогодишниот конкурс на Агенцијата.

3.Поранешен управен судија осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба Основниот кривичен суд Скопје, ја објави првостепенaта пресуда за предметот против обвинетиот М.Ш., судија во Управниот суд, со која обвинетиот го огласи за виновен за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.3 и в.в. со ст.1 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 5 години, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

4.Уапсена радовишанка вработена во катастар, земала мито од 2.000 денари, банкнотата била обележана Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ја лишиле од слобода С.Д.(61) од Радовиш, вработена во Агенција за катастар на недвижности, Подрачно одделение Радовиш. Таа се сомничи дека на 08.06.2023 изготвила договор за отстапување на имот на жител од Радовиш, кој требало да биде изготвен од адвокат и за истото неосновано побарала паричен надомест од 2000 денари, кој на 04.07.2023 година и бил даден.

5.За лични документи земала пари на рака, службеничка во МВР украла 600.000 денари Одделот за внатрешна контрола на МВР подесе кривична пријава против вработена во Отсекот за управни работи во Штип, а задолжена за Виница затоа што е осомничена дека за лични документи им земала на луѓето пари во ќеш и заработиле 600.000 денари.