Вести

Бегалците до темел го запалиле кампот во Дизелдорф

Сподели:

pozar-diseldorf

Бегалскиот камп во Дизелдорф изгорел до темел, а како што пренесуваат германските медиуми, тоа го направиле бегалците кои биле незадоволни затоа што не биле разбудени за време на рамазанскиот појадок.

Кампот, кој бил дом за 280 бегалци, исчезнал во пожарот, а медицинските служби морале да пружат помош на група од 25 лица кои имале симптоми на труење со јаглерод моноксид.

Пожарот бил подметнат така што бегалците ги полиле со плин душеците за спиење, а потоа ги запалиле.

Според пишувањето на германскиот весник „Експрес“, двајца Мароканци навеле дека луѓето задолжени за безбедност од Иран, одбиле да ги разбудат верниците за рамазанскиот појадок и дека тоа било план за да се предизвика пожарот.

Сведоци наведуваат дека постојат големи тензии помеѓу лицата од различна вероисповед во објектот кој бил под контрола на Црвен крст.

http://meta.mk/begaltsite-do-temel-go-zapalile-kampot-vo-dizeldorf/

Сподели: