Вести Македонија Ударни вести

Бејли: Договорот од Пржино е жив

Сподели:

beleli-i-bejli-proslava-860x640

Договорот од Пржино е жив, но преостанува уште многу работа, вели амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, за „Дојче веле“.

– Неговите фундаментални елементи – одговорност за скандалот со прислушквањето, инклузивен политички процес, особено во Собранието, и реформи кои водат кон веродостојни избори – остануваат најдобриот начин за излез од сегашната политичка криза и за интеграција во ЕУ и во НАТО. Никој не кажал дека спроведувањето на договорот ќе биде лесно. Навистина имаше многу одложувања и опструкции. Сепак, една година подоцна, СЈО ги истражува прислушуваните разговори и наводите за сериозни злоупотреби што произлегуваат од тие разговори. Се основаше понезависна ДИК и се воведоа реформи во Изборниот законик. Многумина ми велат дека сега граѓаните се поистрајни во барањето лидерите да ги исполнат своите обврски што произлегуваат од Договорот од Пржино – вели амбасадорот Бејли.

Тој додава дека аболицијата мора да се повлече јасно и сеопфатно, а СЈО мора да биде во состојба да ја изврши својата работа без опструкции и мешање.

– Владата мора да покаже посветеност на плуралистичката демократија и на спроведувањето на реформите од Договорот од Прѓино. Тоа подразбира дела, а не зборови. Тоа значи вклучување на опозицијата и на ставот на цивилното општество и воведување вистински систем на проверки и на рамнотежа во владините структури. Без одговорност, без реформи и без веродостојни избори, Македонија ќе остане заглавена во кризата, со нарушен углед. Никој не го посакува тоа – истакна амбасадорот.

http://meta.mk/bejli-dogovorot-od-przhino-e-zhiv/

Сподели: