Бејли: Македонија има реална можност за скоро членство во НАТО

Сподели

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска изјави, дека реалната можност Македонија наскоро да се приклучи кон НАТО е најголемата разлика кога се зборува за земјата денес во споредба со минатото. Тој за време на трибината „НАТО и ти“ порача дека членството во Алијансата за Македонија ќе значи дека таа ќе биде сојузник со останатите земји членки.

Влезот во НАТО ќе помогне да се надминат внатрешно политичките поделби во земјата. Бејли порача и дека системските реформи што се воведуваат во Македонија не треба да останат само на хартија, туку да се имплементираат.