Излагање на пратеникот од #Левица, Амар Мециновиќ, на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која се вршеше проверка на кандидатурите доставени за именување на членови на Програмскиот совет на МРТВ:
„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет на МРТ е пет години, со право на уште еден мандат. Ова би им бил трет мандат на овие луѓе, што е директно спротивно на законот и автоматски би требало да значи нивна дисквалификација. Ова особено важи за кандидат кој веќе речиси 13 години бил претседател на Програмскиот совет.
Во однос на нивната досегашна работа може многу да се дискутира затоа што постојат сериозни сомнежи и за противзаконски постапки. Но, она што е кристално јасно е дека, според член 118, сите четворица кандидати треба веднаш да бидат дисквалификувани од понатамошната постапка.
извор Левица
