Бектеши: Намалување на цените на пијалаците наредната недела

Сподели

 

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот Фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци ќе се намалат за 10% во наредниот период.

 

„Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци. Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата “ГАРАНТИРАНА ЦЕНА” со намалување на цените од минимум 10%! 

Благодариме на поддршката“ напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.