Бектеши: Не може некој да се богати, и да се удира по џебот на граѓаните

Сподели

 

Се укинува повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија и се замрзнува цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, изјави министерот Бектеши на денешната прес-конференција.
 
 
 
 
 
Се укинува субвенционираната цена на електричната енергија за компаниите од прехранбениот сектор од 80 евра за мегават час.
 
 
 
 
 
Носиме мерки за поддршка на граѓаните, нема да дозволиме неправедно покачување на цените.
 
 
 
 
Согласно анализите на Министерството за економија од почетокот на годината се бележи континуирано намалување на цените на енергенсите.
Ако во октомври цената на дизелот беше 99,55 денари, денеска просечна цена е 87,88 денари.
 
Природниот гас кој одредени големи производители го користат како енергенс за производство на леб, во октомври бил 134,9 по мегават час, а во февруари бил 51,61 по мегават час.
 
Во делот на субвенционираната електрична енергија, просечна цена според Хупекс за октомври е 193,94 евра. Во февруари е 145.99 евра, а сите производители добија цена од 80 евра по мегават час.
 
Брашно во нашата држава во големопродажба, просечна цена октомври-ноември е 30 денари по килограм. Просечна цена јануари-февруари е 28 денари по килограм.
 
Владините мерки за поддршка не се донесоа за едни да бидат повластени на сметка на други, за некој да се богати, за поединци да имаат бенефит и за да се удри по џебот на граѓаните, туку со единствена цел – да се намалат цените на основните производи и да им се помогне на граѓаните, додаде министерот Бектеши.