Вести Македонија Ударни вести

Белградски медиуми: Дали Хојт Ји е идниот амбасадор на САД во Македонија

Сподели:

Заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Брајан Ји можеби ќе биде идниот амбасадор на САД во Македонија, објавија денеска повеќето белградски медиуми.

Тие ја пренесуваат веста на Радио Глас на Америка, според која меѓу останатото на прашањето за можноста да биде иден амбасадор на САД во Скопје, Хојт Ји не сакал ниту да ја потврди, ниту да ја демантира оваа шпекулација, пренесе Алсат М.

Тој претходно, како што пренесе МИА, изјави дека решавањето на прашањето на спорот со името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение.

– Има уште многу работа да се заврши и тоа од двете страни. Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение затоа што расположението и во Грција и во Македонија е на највисоко ниво од кога било досега, истакнал заменик-помошникот американски државен секретар во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон.

Оценето е дека иако Македонија навидум има најмалку проблеми околу мировните договори, сепак нејзината безбедност зависи со решавањето на спорот со името и влезот  во НАТО.

Сподели: