Вести Македонија Ударни вести

Бензините и дизелот од ноќеска поскапуваат за 2 денари за литар

Сподели:

 

Бензините, дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство од ноќеска ќе поскапат за дополнителни 2 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 отсто во споредба со досегашните цени.

Од ноќеска моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 78,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе може да се набави за 80,50 денари за литар. Дизелот на бензинските станици ќе се продава за 71 денар за литар, а идентична е цената и за екстра-лесното масло за домаќинство.

Малопродажната цена на мазутот од ноќеска се зголемува за 1,386 денари за килограм и сега неговата цена се искачи на 44,213 денари за килограм.

Сподели: