Спорт

ВИДЕО: Зион шокираше со изгледот – Требаше да биде новиот Леброн, а тој веќе има над 140 килограми!

Сподели:

Зион Вилијамсон беше голема ѕвезда и пред да дојде во НБА лигата, го споредуваа со Леброн Џејмс поради неговата конституција и експлозивност, но веќе во третата сезона е непрепознатлив …

Првиот пик на драфтот 2019 година драстично се здебели по повредата, неофицијално тежи повеќе од 140 килограми, а кога синоќа се загреваше пред мечот со Њујорк – навивачите останаа шокирани од тоа колку лошо се движел, ја изгубил сета брзина, и е целосно надвор од секоја натпреварувачка форма.

Речиси беше непријатно да се гледа Зион со стомак и движење недостојно за НБА кошаркар, а веќе е прва ѕвезда на франшизата од Њу Орлеанс која е во сите реклами.

Во првата сезона Зион поради повреда одигра 24 натпревари, додека лани воопшто не го гледавме. Тој играше на 61 натпревар и имаше просек од 27 поени и 7 скока, но повторно се повреди и затоа се уште не дебитирал во третата сезона во НБА.

Навивачите се плашат дека нема да издржат неговите колена, особено сега кога драстично се здебели.

Погледнете!

The post ВИДЕО: Зион шокираше со изгледот – Требаше да биде новиот Леброн, а тој веќе има над 140 килограми! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: