Вести Македонија Ударни вести

Бесплатна услуга од персонален асистент за средношколците со физичка попреченост од Скопје

 

Град Скопје обезбедува бесплатна услуга од персонален асистент за средношколците од училиштата на Град Скопје.

Град Скопје овозможува персонални асистенти за учениците со физичка попреченост од средните училишта на Град Скопје, а кои имаат потреба од помош и придружба при движење.

За таа цел, отворена е можноста, родителите на учениците кои имаат потреба од користење на услугата, да се пријават во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита ( лично или на тел. 02/3297-321) и да ги остават следните податоци:

– Име и презиме на ученикот
– Училиште во кое учи ученикот
– Адреса на живеење
– Контакт телефон од родител/старател/друго овластено лице

Потоа, стручен тим од Црвениот крст на Град Скопје врши посета во домовите на пријавените лица, прави проценка на потребите и врз основа на тоа изработува индивидуален план за реализација на услугата.

Услугата од персонален асистент е целосно бесплатна за учениците и нивните семејства, а финансиите се обезбедни од Град Скопје.

denesmagazin.mk

Сподели: