На иницијатива на ГОБ „8 Септември“, со поддршка од Општина Карпош, започнаа бесплатни специјалистички прегледи за пациенти со периферна артериска болест. Прегледите се реализираат во соработка со одделенијата за кардиологија и радиологија при ГОБ „8 Септември“ и ќе траат пет работни дена. Пациентите ќе имаат можност да направат и артериски доплер, дијагностичка метода за проценка на протокот на крв низ артериите.
Околу 30 пациенти, пријавени преку матичните лекари од територијата на Општина Карпош, ќе ја искористат можноста за бесплатен преглед. Активноста има за цел да придонесе кон навремена превенција, дијагностика и следење на здравствената состојба на граѓаните.
Општина Карпош продолжува да поддржува иницијативи што придонесуваат за унапредување на здравствената грижа и подобрување на условите за превенција и навремена дијагностика.


