Без одлагање брзо и целосно расчистување за опожареното возило на Груби

Сподели

 

Безбедноста е врвен приоритет во едно демократско општество. Владата го осудува чинот на палење на возилото кое го користел првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби и смета дека истото е акт на насилство кој е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности.

Сите надлежни институции, истражните и судските органи, во рамките на своите надлежности постапуваат без одлагање, одлучно и професионално со цел целосно разрешување и расчистување на овој случај во најбрз можен рок, информираат од Владата.