Вести Македонија

БЕЗБЕДНО ДЕТЕ – ЗА БЕЗБЕДНА УЧЕБНА ГОДИНА

Сподели:

 

Децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина. Императив на сите нас е да ја зголемиме безбедноста на децата во сообраќајот со што ќе ја заштитиме нашата иднина!

Денес започнува новата учебна година, што значи огромен број деца ќе се упатат кон градинките и училиштата. Токму тие – децата кои пешачат или управуваат велосипед, тротинет и сл. се најмалите учесници во сообраќајот и неопходно е да знаат како да сe однесуваат во истиот.

 

 

РСБСП упатува апел до возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни во близина на воспитно-образовните установи, а кон децата и нивните родители и/или воспитувачи/ наставници – да ги запознаат и да ги потсетуваат децата на основните правила и прописи во сообраќајот заради осигурување на нивната безбедност во сообраќајот на патиштата.

На децата кои возат велосипед или тротинет им се препорачува да носат заштитен шлем – кацига, да возат со пропишаната брзина и да ги почитуваат сообраќајните правила и другите учесници во сообраќајот, како и да управуваат со исправни и означени велосипеди и тротинети.

          На децата кои пешачат РСБСП им препорачува:

•  да ја поминуваат улицата само на обележан пешачки премин,

•  да не претрчуваат преку улица,

• да ја почитуваат сообраќајната сигнализација т.е. да преминуваат улица само кога свети зеленото светло на пешачкиот семафор,

• особено да бидат внимателни кога се движат во услови на намалена видливост т.е. дожд и магла (по можност да носат светла облека или рефлектирачко елече),

• да не преминуваат помеѓу возила во движење,

• да не користат мобилен телефон или слушалки при преминување на улица,

• да внимаваат кога се движат на паркинзи и сл.

            

РСБСП апелира: Да дадеме свој придонес во грижата за безбедноста и заштитата на децата-учесници во сообраќајот, како и придонес во заедничкото издигнување на безбедноста на сообраќајот на уште повисоко ниво.

СРЕЌНА И БЕЗБЕДНА УЧЕБНА 2022/2023 ГОДИНА!

Сподели: