Денес, во Културно изложбениот центар во Скопје, со почеток од 19 часот, почнува изложбата „Убавите жени на мојот народ“, од академскиот сликар Славчо Максимовски.
Изложбата ќе биде отворена до 14.09.2022 година
Славчо Максимовски е роден во 1988 год. во Скопје, Р. Македонија. Во 2007 год. завршил средно уметничко училиште, насока Графика, во Д. С. У. П. У. “Лазар Личеноски”, во Скопје. Во 2011 год. дипломирал на Факултетот за хумани науки и уметност, при Универзитетот во Тетово, насока Графика, во класата на проф. м-р. Нафи Јашари. Во 2018 год. магистрирал на Факултетот за ликовна уметност, при Универзитетот “Кирил и Методиј”, во Скопје, насока Сликарство, во класата на проф. м-р. Јован Шумковски. Се усовршувал и преку стручни престои во Франција и Шпанија. Своите ликовни дела ги изложувал во Македонија и странство, на самостојни и групни изложби. Неговите ликовни дела се дел од приватни колекции во Македонија, Србија, Словенија, САД, Канада и Еквадор. Покрај сликарство и графика, неговиот интерес вклучува и фрескоживопис, едукација, дизајн и филм.
