На 28.02.2026 во 09:40 часот во СВР Битола П.С. од с.Добромири, битолско, пријави дека во дворното место пронашол стара граната.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, гранатата била безбедно подигната, при што е утврдено дека се работи за минофрлачка граната 75 мм од Првата Светска Војна, информираат од МВР.


