Разговор на Пендаровски со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на ОК за Западен Балкан

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со сер Стјуарт Пич, Специјален претставник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан.

Честитајќи му за назначувањето на функцијата, претседателот Пендаровски оцени дека именувањето на специјален претставник за Западен Балкан од страна на премиерот Борис Џонсон е јасна потврда за посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Во разговорот, беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици во регионот, како и за штетните последици од високата корупција и организираниот криминал врз економскиот и демократскиот развој на регионот.

Специјалниот претставник Пич најави скорешна посета на Република Северна Македонија.

Сподели: