Вести Македонија

БГНЕС: Димовски најверојатен кандидат за наследник на Груевски

Сподели:

Само три дена откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објави дека има намера да се повлече од лидерската позиција во партијата, стана јасно дека ќе се одржи вонреден конгрес на 23 декември. Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, името на Илија Димовски најчесто се споменува како можен наследник на Груевски, пишува БГНЕС.

Димовски е меѓу најдоверливите лица во Извршниот комитет на актуелниот претседател.

Според изданието, 37-годишниот Димовски, кој БГНЕС го нарекува „антички“ поради бранењето на проектот„Скопје 2014“ и т.н. „антиквизација“, лично ја предводел блокадата на македонскиот парламент претходно оваа година.

„Со процедурална контрола, тој стори сé што е можно за да го блокира изборот на новата влада на Република Македонија, што доведе до ескалација во земјата и насилство на парламентот на 27-ми април за време на „крвавиот четврток“. Повеќе од 100 луѓе беа тепани, вклучително и актуелниот премиер Зоран Заев“, велат од „БГНЕС“.

Одтаму потсетуваат дека на на 1 декември во интервју за интернет изданието „Куриер“, Груевски објави дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата и се надева дека тоа ќе помогне да се среди сегашната политичка ситуација. 

Сподели: