„Би-би-си“: СЈО е камшик за политичката елита

Сподели

bbc

Три жени станаа камшикот за политичката елита и хероини на улични протести кои секојдневно се одржуваат во малата балканска земја Македонија, а некои ги нарекуваат Чарлиевите ангели на земјата, се вели во опширната анализа на британскиот „Би-би-си“ за политичката криза во Македонија.

Според „Би-би-си“ Јанева сега можеби е најславната жена во земјата и дека е ставена на главната сцена во турбулентната поранешна југословенска република. Нејзината нова работа е да ги истражи тврдењата за злоупотреба и корупција кои произлегоа од огромниот скандал со прислушувањето.

„Јанева, жена со лелеава коса и широка насмевка, обично е придружувана од две помлади заменички. Ленче Ристовска е славјанка, а Фатиме Фетаи припаѓа на албанското малцинство кое сочинува четвртина од популацијата во Македонија. Заедно тие се моќен симбол на заедништво во земјата која се уште е полна со меѓуетнички тензии и која беше на раб на граѓанска војна во 2001. Ристовска е кул, прибрана и русокоса со леденосини очи, а Фетаи, со катран црна коса и со црвен кармин, е славна за нејзината огнена реторика. Некои триото го нарекуваат Македонските Чарлиеви ангели по тешката но гламурозна борба против криминалот како во филмови и тв серии“, пишува „Би-би-си“.

Анализата додава дека ако специјалните обвинители не опстојат постои опасност од поголем кофликт.

„Ако специјалните обвинители не опстојат, некои стравуваат дека балоните со боја може да бидат заменети со друго оружје – во земја со слаби институции и мало искуство од демократија која е на фронтовата линија на европската бегалска криза“, заклучува „Би-би-си“.

„Би-би-си“: СЈО е камшик за политичката елита