
Уставниот суд на Босна и Херцеговина денеска донесе одлука за поништување на резултатите од референдумот одржан на 25 септември во Република Српска, со образложение дека таквата одлука не е во согласност со Уставот на БиХ.
Судот утврди дека наведената одлука не е во согласност со Уставот на БиХ бидејќи за референдумското прашање веќе постои конечна и обврзувачка одлука на Уставниот суд и истата треба да се почитува од сите органи и институции на јавната власт.


