Вести Свет Ударни вести

Бил Гејтс на Твитер објави дека има Ковид-19

Сподели:

 

Основачот на „Мајкрософт“, еден од најбогатите луѓе на планетава и филантроп, Бил Гејтс, кој и пред корона пандемијата беше посочуван во еден куп разноразни теории на заговор, објави дека направил тестирање и тоа покажало дека е позитивен на корона вирусот.

Гејтс на Твитер објави дека има благи симптоми, но според советите на експертите, ќе биде во изолација додека не оздрави.

 

 

 

Како дополнение на неговата објава за позитивниот ковид-тест, Гејтс на Твитер подоцна напиша дека е добро што е вакциниран и примил трета доза, изразувајќи подршка на денешната медицина заснована на докази.

 

Сподели: