Вести Изјави Македонија Ударни вести

Бислимовски: БЕГ да ги сторнира зголемените сметки

Сподели:

 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, на денешната прес-конференција говореше за причината поради која голем број скопјани добија повисоки сметки за топлинска енергија и за 40 проценти.

-Единствена причина за зголемување на сметките е поради тоа што не е вкалкулирана субвенцијата која ја дава владата до потрошувачите на топлинска енегија. Од тие причини има зголемени сметки. За да се избегне оваа ситуација, РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки кои се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во кои ќе биде вкалкулирана субвенција која ја добиваат граѓаните од страна на Владата, истакна Бислимовски.

Тој посочи дека средства за оваа намена се обезбедени во државниот буџет.

-Има одредена одлука која е еднаш донесена. Доколку таа е со изменет рок ќе се донесе нова одлука со која уште еднаш ќе се потврди дека потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје ќе ги добијат субвенциите. Потенцирам, сметките кои ги изготвил БЕГ невообичаено се испраќани на30 и 31 август, да бидат сторнирани и да бидат изготвени нови сметки со пресметана субвенцијата од владата, посочи Бислимовски.

Сподели: