Вести Македонија Ударни вести

Бислимовски: Сметките од ЕВН и БЕГ на рати и без камати за сите со минимални плати

Сподели:

 

Граѓаните кои се погодени од корона кризата и кои земаат минимални плати, сметките за струја за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

-Сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор – ЕВН и БЕГ снабдување, на погодените граѓани ќе се овозможи за месеците мај, април и март да можат своите трошоци доколку не се во можност да ги покријат да ги плаќаат на рати и притоа каматата заради заостанатото плаќање нема да се калкулира, значи за три месеци ќе имаат можност најпогодените граѓани да си ги платат своите трошоци за електрична енергија и за топлинска енергија на рати и притоа каматата воопшто нема да им се калкулира – изјави директорот на РКЕ.

Во однос на сметките за вода и комунални услуги, тој вели дека ќе остане на јавните претпријатија да решат како ќе се постават.

-Но упатуваме апел до потрошувачите, особено овие сметки да се покриваат редовно, имајќи предвид дека трошоците за овие сметки реално се најмали во однос на останатите – рече Бислимовски.

Сподели: