ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата ќе се движи од 7 до 23 степени. Во Скопје и околината температирата ќе биде од 11 до 22 степени.

Во попладневните часови ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег.

 

 

Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, наместа ќе бидат пообилни.