Биста на Махатма Ганди за Град Скопје

Сподели:

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со делегација од Амбасадата на Република Индија, предводена од ополномоштениот амбасадор на Индија за Македонија, Н.Е. Арун Кумар Саху.

Разговаравме за значењето на зачувувањето на оставината на Мајка Тереза и Махатма Ганди, две исклучителни личности и универзални симболи на мирот, хуманоста, толеранцијата и човековото достоинство. Мајка Тереза, родена во Скопје во 1910 година и добитничка на Нобелова награда за мир, најголемиот дел од својот мисионерски живот го посветила на помагање на најранливите во Индија, додека Махатма Ганди кој се смета за Таткото на нацијата, останува еден од најголемите поборници за мир и ненасилство во светската историја.

Во таа насока, амбасадорот Саху најави донација на биста на Махатма Ганди за Град Скопје, која ќе биде поставена на јавен простор како траен симбол на пријателството меѓу Македонија и Индија.

Уверен сум дека оваа иницијатива дополнително ќе ги зацврсти нашите односи и ќе придонесе за промовирање на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Сподели: