Битиќи: Солидарно општество за сите и целосна социјална инклузија на Ромите

Сподели

 

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска се обрати на отворањето на второто издание на меѓународниот „Реди самит“, во организација на здружението „Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ“.

 

 

„Денеска е Ден на Албанската азбука и во име на почитување и славење на различностите, чест ми е што сум денеска на отворањето на овој  „Реди самит“ 2022.

Гласно, јасно и често треба да зборуваме за инклузивност, еднакви шанси и можности за сите. Само така ќе продолжиме да го градиме нашето едно општество за сите, кое вклучува, обединува, се развива и расне.

Водејќи се од заложбите кои произлегуваат од Познан декларацијата за земјите од Западен Балкан за интеграција на Роми во рамките на Берлинскиот процес на проширување на ЕУ, Република Северна Македонија, оваа година, подготви и усвои нова Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 по насоките дадени во Стратешката Рамка на ЕУ за Ромите. Покрај ова, во програмата на Владата на Република Северна Македонија 2020 – 2024, инкорпорирани се различни мерки за поддршка и унклузија на Ромите, како активни мерки за вработување, унапредување на законската регулатива и формализирање на работата.

Инвестирањето во развојот на ромската заедница има долгорочни придобивки, во поглед на подобрувањето на социјалната кохезија и економскиот статус за Ромите на долгорочен план. Клучно е дека постои политичка волја за вистинска имплементација на Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија и за следење на сите европски препораки кои се однесуваат на инклузија на Ромите во општествата. Владините антикризни мерки кои беа одговор на кризите беа наменети за заштита на најранливие категории граѓани. Од почетокот на енергетската и економска криза, Владата даде енергичен одговор, со цел никој да не остане изоставен.

Во рамки на мерките за поддршка на компаниите пак, се предвидува проширување на опсегот на компании кои се корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање. Во 2021 година преку Развојната банка беа подржани 17 ромски бизниси. Истовремено, продолжува можноста за формализација на дејноста преку самовработување со грантови кадешто се зголемува бројот на Роми коишто формираат и регистрираат свои сопствени бизниси во рамките на Оперативниот план за активни мерки и досега околу 70 лица ја искористиле оваа можност.