Битиќи за притворот на Зеќири: Владеење на правото важи и за власта

Сподели

 

“Владеење на право важи и за тие од власта”, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го определувањето на 30-дневен притвор за генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството за склучен договор со консултантска фирма, на која и се исплатени повеќе пари од предвидениот договор.

–” Тоа се промените во демократските процеси што ни се случуваат и веројатно ќе треба долго време да сфатиме дека независно кој каде седи, ако згрешил дека ќе одговара. Но, сега ќе треба да видиме зошто и како тоа се случило. Чувството е непријатно, затоа што се оддава впечаток дека се негира се што е направено добро до сега”, рече потпретседателот на СДСМ во емисијата „Утрински брифинг“.