Денеска, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола.
Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
фото МВР


