Вести Македонија Спорт Ударни вести

ФК ВАРДАР со ново раководство во новата фудбалска сезона

Сподели:

 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, сопственикот на Блу Скај инвесмент (Blue sky investments), Слободан Крстевски и Самоил Симев, поранешниот директор на ФК Вардар, денеска одржаа прес-конференција за преземањето на фудбалскиот клуб Вардар од компанијата Блу Скај.

 

 

– На мое огромно задоволство, можам и официјално да соопштам дека успешно заврши посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот инвеститор и сопственик на ФК Вардар, со што всушност успеваме да обезбедиме извесна иднина за ФК Вардар, како една од најголемите спортски институции во нашава земја. Станува збор за фирмата Блу Скај инвесмент, која е согласна во целост да го преземе постојниот договор со сите услови што Град Скопје го има склучено со поранешниот сопственик – кажа градоначалникот Шилегов.

 

Новиот инвеститор ја презема обврската во целост да ја рехабилитира екипата и што е можно побрзо тимот да се врати во првата фудбалска лига.

 

 

– Сите долгови кои се настанати во меѓувреме, кон сите коминтенти и играчи, во наредниот период ќе бидат во целост подмирени од новиот инвеститор, што е дел од новиот договор. Во наредниот период  јас со гордост ќе можам да побарам од Советот на Град Скопје, на следната седница, која планираме да се одржи во втората половина на месец август, овој договор да биде одобрен, како од надлежен орган кој ја има донесено и претходната одлука за продажба на акциите на ФК Вардар – додаде Шилегов.

 

Сподели: