Блат по НБА, се врати во Европа и стана нов тренер на Дарушафака!

Сподели

Американскиот тренер Дејвид Блат, беше тренер на Кливленд Кавалирс, а од денеска е нов менаџер на турскиот тим Дарушафака.

блат

Блат, потпиша договор со турскиот клуб, а по отказот во Кливленд чекаше понуди од НБА клубовите, но на крајот реши да се врати во Европа.

Дарушафака, следната сезона ќе игра во Евролигата, откако доби специјална покана, а челниците на клубот најавија дека буџетот ќе изнесува 30 милиони евра.

Блат, потпиша двегодишен договор, за нето плата од 1,7 милиони евра годишно.

Буџетот на Дарушафака го става овој тим во рангот на Барселона, Реал и Фенербахче, додека ЦСКА ќе остане тимот со најголем буџет и следната сезона.

Дејвид Блат ја има освоено Евролигата со Макаби Тел Авив и ќе биде вториот најплатен тренер во Евролигата, по колегата Жељко Обрадовиќ кој е тренер на Фенербахче.

The post Блат по НБА, се врати во Европа и стана нов тренер на Дарушафака! appeared first on Спорти.


Source: Sporty