„BMW“ повлекува повеќе од 45.000 постари возила од серијата 7

Сподели

Автомобилската компанија „BMW“ повлекува повеќе од 45.000 постари возила од серијата 7 во САД, бидејќи вратите можат неочекувано да се отворат за време на возењето, јавува Anadolu Agency (AA).

Повлекувањето ги опфаќа автомобилите произведени во периодот од 2005 до 2008 година, со високо ниво на удобност и опција за меко затворање на вратите.

Од „BMW“ велат дека може да изгледа како вратите да се затворени и заклучени, но тие можат случајно да се отворат поради условите на патот или при контакт со некој од лицата во автомобилот. Ненадејното отворање на вратите може да доведе до тоа некој од патниците да излета од автомобилот при возењето или да се зголеми ризикот од повреди при судир.

Компанијата наведе дека постои можност бравата од вратите да се расипе со текот на времето.