Бранко Манојловски ќе претседава со конститутивната седница

Сподели
Новите пратеници  мандатот ќе го стартуваат со новогодишна елка и честитки за нова година. Трајко Вељаноски најверојатно ќе го чека последниот ден да закаже седница. Такви се и најавите од ВМРО- ДПМНЕ.
Со седницата  ќе претседава најстариот пратеник – во новиот состав тоа е Бранко Манојловски, кој во законодавниот дом влезе како кандидат на ДУИ и православните Албанци.
 Нов претседател  речиси е извесно дека нема да биде избран на првата седница, за разлика од минатите три парламентарни  циклуси кога изборот на Вељаноски на конститутивната седница ја најавуваше владата Груевски – Ахемти. овојпат слично како и во 2006-тата претседател дополнително ќе се бира, бидејки според партиите владата е далеку од договор. Партиски извори од ВМРО- ДПМНЕ велат дека ќе се чека последниот момент, бидејќи ќе се прават  напори  да се воспостават барем контурите на новата коалиција за да биде чиста состојбата, но нивниот став не го делат од ДУИ, партијата на која најмногу сметаат за коалиција. Од Мала Речица велат дека е рано и дека претседател ќе се избере кога ќе се формира мнозинство.
Од ДИК веќе порачаа дека се подготвени за да ги врачат уверенијата
Според  изборните рокови, најдоцна 20 дена по изборите треба да се одржи конститутивна седница за избор на новиот состав на собранието. Конституирањето на  собранието е превдвидено во член 63 од уставот каде стои дека:
„Конститутивната седница треба да се одржи најдоцна 20 дена по одржаните избори, односно до 31 декември. Конститутивната седница ја свикува претседателот на собранието од претходниот состав.“
Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.рокот за  одржување предвиден со уставот истекува на последниот ден од годинава.
извор: 24вести