БРАВО ДЕВОЈКИ: Македонија ја тресна Грција и избори бараж за СП во ракомет!

Сподели

Женската ракометна селекција на Македонија со 100% учинок ги заврши квалификациите за Светското првенство кои се играа во Скопје.

Така Македонија со три победи без пораз обезбеди бараж за Мундијалот. Пресудна за победата на Македонија беше одбраната на Мицевска во последите секунди со што ја победивме Грција од 20:19.

Македонија имаше слабо прво полувреме, но нашите ракометарки одиграа многу подобро во вториот дел и со пресврт стигнавме до победа над аутсеајдерот Грција.

Во нашиот состав најмногу голови повторно имаше Сара Ристовска, вкупно 10, а 9 одбрани на голот имаше Јована Мицевска.

Македонија утре ќе го дознае противникот во баражот.

Дали ќе имаат среќа при ждребот нашите рекометарки останува на видиме…

The post БРАВО ДЕВОЈКИ: Македонија ја тресна Грција и избори бараж за СП во ракомет! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico