Бразил: Напад врз затворот „Romeu Goncalves Abrantes” – избегаа 105 затвореници

Сподели

Група од 20 вооружени лица извеле напад врз затвор во североисточниот дел на Бразил, при што е убиен еден припадник на безбедносните сили, 105 затвореници избегаа, од кои 41 се фатени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Локалните медиуми јавија дека групата од 20 вооружени непознати лица извеле напад врз затворот „Romeu Goncalves Abrantes“ во бразилската покраина Параиба.

Во оружениот напад загина најмалку еден полицаец.

Напаѓачите со експлозив разнеле еден дел од затворскиот ѕид, по што избегале најмалку 105 затвореници. Во акција на полицијата фатени се најмалку 41 затвореник, а потрагата по останатите продолжува.

Според податоците од 2016 година, во бразилските затвори кои имаат вкупен капацитет за 360.049 лица, се наоѓаат најмалку 727.712 затвореници.