Вести

Брисел: Неучествувањето во Собранието ги спречува демократските процеси

Сподели:

eu_zname

Европската комисијата денеска порача дека учеството во работата на Собранието е клучна за развојот на европската демократија и потсети дека Договорот од Пржино е најдобар начин за земјата да излезе од актуелната криза.

– Парламентите се клучни институции во европските демократии. Неучествувањето во парламентарните активности ги спречува демократските функции на овие институции и не обезбедува поголема рамнотежа на политичката моќ. Европската комисија ги повикува политичките лидери да се однесуваат одговорно и да ги зајакнат демократските процеси во интерес на нивните граѓани и на евроатлантска индина на земјата – изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Во однос на говорот на претседателот Иванов, во кој рече дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев е единствениот аболиран политичар, Коцијанчич рече дека не коментира поединечни случаи.

– Во однос на помилувањата, Комисијата не коментира поединечни случаи. Комисијата ја поздрави одлуката на претседателот Иванов за конечно да ги повлече сите помилувања, кои се поврзани со прислушувањето. Тоа треба да и овозможи на правдата да го земе својот тек и на Специјалното јавно обвинителство да подолжи со важната работа – рече Коцијанчич.

http://meta.mk/brisel-neuchestvuvaneto-vo-sobranieto-gi-sprechuva-demokratskite-protsesi/

Сподели: