Вести

Брисел по Брексит би можел да притиска за воведување на еврото во цела ЕУ

Сподели:

evra-2

Осум земји членки на Европската Унија кои не го користат еврото како официјално средство за плаќање, поради Брексит, ќе мора веднаш да ја воведат заедничката европска валута, пишува весникот „Дејли експрес“.

Весникот наведува дека Данска, Шведска, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска и Романија би можеле да се најдат пред ултиматум кој ќе им го наметне претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој по излегувањето на Британија од Унијата сака што побргу да ги поврзе другите членки на ЕУ со заедничка валута, за ЕУ да стане монетарна унија во целост.

Доколку еврото се воведе во кај сите членки, челниците на ЕУ ќе можат посериозно да се зафатат со идните чекори за поврзување на Европа во даночна унија.

Германскиот весник „Франфуртер алгемајне цајтунг“, исто така, пишува дека по излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе се забрзаат плановите за довршување на монетарната унија.

meta.mk

Сподели: