Британскиот амбасадор положи за македонски јазик: Негувајте го вашиот јазик и вашата култура“

Сподели

 

Новиот британски амбасадор во РС Македонија, Метју Лосон, денеска на Твитер го објави сертификатот за положен испит по македонски јазик, Ц1 неполни три месеци по доаѓањето на служба во амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

Во објавата, амбасадорот вели дека му претставува чест и задоволство што го учи, како што вели, овој прекрасен јазик, и порача „Негувајте го вашиот јазик и вашата култура“.

-“Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик” напиша Лосон на Твитер и објави видео на кое зборува на македонски јазик и порача „Негувајте го вашиот јазик и вашата култура“.