БУГАРИЈА: Новиот претседател Румен Радев утре стапува на должност

Сподели

 

Новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев утре ќе положи свечена заклетва пред бугарското Народно собрание, со што официјално ќе го започне својот претседателски мандат, јави БТА.

Заедно со Радев, заклетва ќе положи и новизбраната бугарска потпретседателка Илијана Јотова.

Како што соопшти Прес-службата на бугарскиот Парламент, на инаугуративната церемонија на Радев се поканети претседателот и потпретседателката во заминување Росен Плевнелиев и Маргарита Попова, премиерот во оставка Бојко Борисов и министрите од неговата Влада, како и претставници на други државни институции, на дипломатскиот кор и на верските заедници во Бугарија.

Радев и Јотова ќе ја положат заклетвата пред Парламентот во присуство на поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Неофит.

По полагањето на заклетвата, Радев ќе го има своето прво обраќање пред Народното собрание во својство на претседател на Бугарија.