Вести Македонија

Бугарскиот парламент едногласно го усвои договорот за добрососедство со Бугарија

Сподели:

Бугарското Народно Собрание денеска едногласно усвои Декларација за поддршка на потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија. Во Декларацијата, Собранието ги оценува како позитивни напорите на владите на двете земји за финализирање на преговорите за договорот и очекува тој да биде потпишан согласно планот.

Во документот се изразува и подготвеноста на Собранието да ја започне постапката за ратификација на договорот во најкус можен рок по неговото потпишување.

Сподели: