Вести Свет

Во Турција запленет еден тон хероин

Сподели:

Гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, изјави дека полициската единица за борба против дрогата заплени речиси еден тон хероин во акција спроведена на еден имот во Хендек, во градот Сакарја близу Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ова е најголемата количина хероин запленет на копното во изминатите 15 години“, рече Шахин на прес-конференција.

Тој посочи дека истанбулската полиција долг период се подготвувала за оваа акција.

„На имот во местото Хендек во Сакарја беше извршена многу важна акција. Одземен е речиси еден тон хероин. Покрај тоа, запленети се големи количини материјал што се користи во производството на хероин“, рече гувернерот.

Тој истакна дека на имотот се врши обемна истрага во врска со случајот и додаде дека во врска со овој случај досега се уапсени седум лица.

Сподели: